Нафтата “удави“ уште една нафтена компанија

168

Состојбата на пазарот на нафта доведе уште една енергетска компанија во банкрот. Diamond Offshore, којшто книжеше загуби уште пред сегашниот пад на цената на нафтата, поднесе барање за заштита од банкрот.

Оваа компанија изведува бушење на море за 15 погони кои работат за Hess, Occidental, Petróleo Brasileiro и BP.

Diamond минатата година изгуби 357 милиони долари, скоро двојно повеќе од загубите кои ги оствари во 2018 година. Во последните пет години, загубите изнесуваа 1,2 милијарди долари. Компанијата вработува 2.500 работници.

Цената на нафтата падна во последните неколку месеци, како резултат на остар пад на побарувачката. Во еден момент, цената на нафтата беше негативна бидејќи инвеститорите се загрижија дека нема да има доволно простор за складирање на нафтата што се произведува. Како резултат, дупчењето за нова нафта престана.

“По внимателното разгледување на нашите финансиски извештаи, заклучивме дека е најдобро да побараме помош“, рече извршниот директор, Марк Едвардс.

Ова е петта нафтена компанија што поднесе барање за банкрот во последните 30 дена. Се очекува да следат многу повеќе нафтени банкроти.

Исто така на први април банкротираше и Whiting Petroleum, пишува CNN.

Фото: Pixabay