Нафтата утрово бележи пад, криптовалутите стабилни

41

Нафтениот пазар и денеска бележи пад во однос на вчерашниот ден. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар од утринава изнесува 100 долари, додека вчера цената на барелот беше 102 долари. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 96 долари.

Вредноста набиткоинот е 43.667, што е за 0,6 отсто повеќе од вчера. Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено.

Пченица и пченка

Цената на пченицата од утрово паѓа. Цената на пченицата е 1.020 долари за тон, што е намалување за околу 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 757 долари за тон, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден.

Фото: Facebook