Нафтата утрово поевтина, пад и на цената на пченицата

43

Нафтениот пазар утринава бележи пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар е 107 долари за разлика од вчера кога цената беше 108 долари. Цената на барел нафта на американскиот пазар е иста како вчера и изнесува 103 долари.

Биткоинот утрово

Вредноста на биткоинот е 41.519 долари, што е слично на вчерашната вредност. Останатите криптовалути се во благ пад.

Пченица и пченка

Цената на пченицата од утрово е намалена и изнесува 1.097 долари за тон, што е пад од 1 процент во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката расте, таа е 815 долари за тон, што е раст од околу 1 процент.