Нафтата во пад, доларот зајакна

Американската валута го започна тргувањето во четвртокот со раст, додека цените на нафтата паднаа.

Цените на нафтата значително паднаа по веста дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) може да го намали производството помалку од очекуваното. Така, цената на барелот на лондонскиот пазар  се лизна на 81,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали на 76,60 долари.

Цените на нафтата паднаа на 79 долари на меѓународните пазари во средата, откако главните производители го одложија состанокот за производствената политика, поттикнувајќи ги стравувањата дека слабата побарувачка ќе ги принуди дополнително да ја намалат понудата.

Трговците во средата беа затечени од најавата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници дека го одложуваат состанокот за производствена политика за четири дена, поставувајќи го новиот датум како 30 ноември. Причината за одложувањето не беше објавена.