Нафтен гигант гаси 10.000 работни места

46

Најголемата британска нафтена компанија British Petroleum (BP) најави дека ќе укине 10.000 работни места, бидејќи побарувачката за “црното злато“ падна поради пандемијата.

Најлош месец за нафташите беше 20 април кога нафтата се симна на 0 долари по барел.

Пандемијата ги приземји патничките авиони и ја намали економската активност ширум светот, а BР поради слабата побарувачка реши да отпушти работници

“Ќе почнеме процес, со кој околу 10.000 лица ќе мора да ги напуштат работните места во компанијата, повеќето од нив до крајот на годинава, напиша генералниот директор Бернар Лоуни во електронската пошта испратена до вработените. Во мејлот се наведува дека цените на нафтата “се намалени под нивото“, од кое компанијата има потреба за да реализира заработувачка.

Фото: Pixabay