Нафтен гигант го зголеми профитот за 300%

74

Нето добивката на саудискиот државен нафтен гигант, Aramco, изнесува 25,5 милијарди долари во вториот квартал од 2021 година, што е највисоко ниво од крајот на 2018 година.

Во споредба со истиот квартал минатата година, нето добивката на Aramco скокна речиси 300%, благодарение на отворањето на економиите и силното закрепнување на цените на нафтата и светската побарувачка за гориво.

Компанијата исто така објави дека нејзината нето заработка за првата половина на 2021 година изнесува 47,2 милијарди долари, наспроти 23,2 милијарди долари од истиот период минатата година, што претставува зголемување од 103 проценти.

Фото: Facebook