Нафтени гиганти од Норвешка и Америка заеднички го прошируваат производството на нафта во Бразил

74

Норвешкиот Equinor и американскиот Exxon Mobile ги направија првите чекори за проширување на производството на нафта во близина на бразилското крајбрежје, а вредноста на инвестицијата е 8,0 милијарди долари, пренесува Reuters повикувајќи се на извори од норвешката компанија.

Двата нафтени гиганти сакаат да го зголемат идното производство за повеќе од милијарда барели нафта на нафтеното поле Бакалхау, најголемиот проект Equinox надвор од Норвешка, изјавија за британската агенција три лица на разговорите.

Првите количини нафта од ова заедничко вложување треба да пристигнат во 2024 година од пловечка производствена платформа со капацитет од 220.000 барели дневно.