Нафтениот гигант British Petroleum влегува во секторот на ветерна енергија

98

Британскиот енергетски гигант British Petroleum (BP) влезе во секторот на ветерна енергија во Велика Британија со германскиот партнер Energie Baden-Wuerttemberg (EnBW) откако властите дадоа одобрение за изградба на ветерни електрани за да помогнат во намалувањето на емисиите на јаглерод.

Нафтениот гигант и германската енергетска компанија EnBW се избрани за два 60-годишни договори за закуп во Северното Море.

“Ова означува влез на BP во офшор секторот за ветерна енергија на Велика Британија, кој во моментов е најголем во светот и понатамошен напредок на BP, кој забрзано гради бизнис од светска класа со ветерна енергија“, се вели во соопштението.

Откако ќе биде во функција, овој производствен капацитет ќе биде доволен за напојување на повеќе од 3,4 милиони домаќинства во Велика Британија со чиста електрична енергија.

Фото: Pixabay