Нагло намалување на туристичките резервации во Шпанија

48

Шпанија има нагло намалување на туристичките резервации бидејќи е регистриран голем број на нови случаи со коронавирусот.

Прогнозите за продолжување на летната сезона, како што наведуваат тамошните медиуми, не се воопшто оптимистички.

“Доколку бројките продолжат да растат, проценуваме дека во овој летен квартал ќе оствариме добивка од 37,97 милијарди евра, што е за 24,30 милијарди повеќе одошто во истиот период лани“, вели Хозе Луис Зореда, потпретседател на шпанската туристичка заедница.

Тој додал дека тој износ е “значително помал од 58,37 милијарди евра, колку што инкасираше Шпанија во 2019 година“.

Фото: Pixabay