Награда од 20% од основната плата за најизложените здравствени работници во земјава

137

Здравствените работници кои се најмногу изложени во борбата против коронавирусот во земјава, два месеца ќе земаат награда во висина од 20% од основната плата.

Ова го најави министерот за здравство, Венко Филипче на својот официјален Facebook профил. Тука, како што се наведува, ќе бидат вклучени доктори и медицински персонал на инфективните клиники и одделенија, клиниката за инфективни болести, институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, како и за сите членови на тимовите од итна медицинска помош.

Фото: Facebook