Награда од милиони долари за најиновативен систем за ладење

37

Фото: Pixabay

Иницијативата Global Cooling Prize е натпревар којшто има за цел да поттикне иноватори да осмислат нов ефикасен систем на ладење, а наградата за најдоброто решение е еден милиони долари. Натпреварот е поддржан од владата на Индија, а негов амбасадор е познатиот бизнисмен Ричард Брансон, пишува New Atlas.

Новиот систем за ладење треба да биде компатибилен за инсталација во постоечки домови, да има пет пати помалку влијание на климатските промени од моменталните решенија и да не чини повеќе од двојно од традиционалните системи.

Неговата потрошувачка на енергија при максимално оптоварување не смее да надмине 700 W и не смее да троши повеќе од 14 литри вода дневно.

Иноваторите можат да ги пријават своите идеи најдоцна до јуни следната година, додека детален технички план треба да се достави до август 2019 година. На десетте финалисти ќе им бидат доделени 200.000 долари за да изградат функционални прототипови во ноември следната година, а победничкото решение ќе добие еден милион долари.