Наградена македонска зелена бизнис идеја на регионален натпревар

16

Македонска зелена бизнис идеја првпат победи на регионалниот натпревар Филантропија преку зелени идеи што се одржа од 24 до 27 овој месец во Боге, Косово, во организација на Фондот на Браќата Рокфелер од САД, пишува Миа.

Носител на идејата е Прва кооператива на потрошувачи на органска храна – Наша добра земја, која конкурираше со проект за поддршка на мали маргинализирани земјоделци кои произведуваат хемиски нетретирана храна.

На  форумот се натпреваруваа 15 зелени бизнис идеи од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Освен македонската  во победничките е и српската идеја Еко – камп од дрвени куќички и црногорската Градина Еко – логика. Најдобрите три идеи ќе добијат финансиска поддршка од 10.000 долари.

 Натпреварот се спроведува на Балканот четврта година.