Наградените агро бизниси од ПроКредит Банка на најголемиот светски саем во Берлин

24

saem berlin

Четиринаесетте наградени агро бизниси од ПроКредит Банка присуствуваа на најголемиот саем за земјоделие и храна во Европа, Fruit Logistika во Берлин. Во рамки на посетата имаа можност да се запознаат со најновите технологии и иновации во земјоделието и да остварат бизнис контакти за соработка, имајќи пристап до шест илјади бизниси од целиот свет кои работат во тој сегмент. За  наградените агро бизниси ПроКредит организираше и деловна средба со петнаесет откупци на земјоделски и прехранбени производи од Германија заитересирани за откуп од земјите во регионот.

Македонските агро бизнисмени беа едногласни во ставот дека инвестирањето во технологија, иновации и нови хибридни сорти се вратата за успех на европските пазари. Германија ја гледаат како пазар со голем потенцијал за македонските производи, а посебен интерес постои за јаболки, грозје, лубеница, краставица, пиперка, домат.

“Од саемот добив корисни сознанија што му треба на европскиот пазар. Ова е предизвик да се пробиваме за подобар пласман и да се вратиме со визија за инвистициите кои се потребни за да конкурираме таму”, изјави Бубе Трајковски, Клечовце, избран од ПроКредит Банка за најпроактивен агро бизнис во категорија на житни култури.

Европските пракси покажуваат дека формите за заштита на земјоделскиот род од природни непогоди со какви сега се среќаваме се одамна надминати со инвестиции во системи за управување со наводнувањето, заштитни механизми и системи за анализа на почвата. Европското земјоделство бара константно добар производ и загарантирана количина на договорените пласмани.

“ПроКредит заедно со најпроактивните агро бизниси кои ги наградивме беше присутна на саемот во Берлин. Ние сме специјализирана банка и ваквите настани се клучни за да ги следиме, стимулираме и финансиски да ги поддржиме бизнисите во инвестиции од европски калибар за унапредување на работата”, изјави Стевче Кузмановски, директор на сектор за мали и средни претпријатија.

Од банката најавуваат видно олеснување на пристапот до финансирање со поголеми износи. ПроКредит ќе кредитира преку Земјоделскиот Гарантен фонд и активно поддржува здружување на земјоделците преку кредитирање на земјоделски кооперативи.

ПроКредит Банка верува дека преку ваквите форми за вмрежување на македонските агро бизниси даваат дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот, како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.