Наградна игра за корисниците на Maestro® и MasterCard® на Комерцијална банка

26

nagradna igra na komercijalna banka

Започнува наградната игра на Комерцијална банка и MasterCard®, “Купувај од срце подарувај и вредни награди освојувај“.

“По повод 20 години од издавањето на првата MasterCard® картичка на Комерцијална банка, која воедно беше и првата MasterCard® картичка во Македонија, нашите корисници ќе имаат можност да добијат неверојатни награди, а и да помогнат во хумани цели“, се вели во соопштението на банката.

Во период од 21.11. до 31.12.2015 година, со секоја трансакција на клиентите со Maestro® и MasterCard® картичките од Комерцијална банка од најмалку 300 денари на продажни места во земјата ќе добијат една шанса за учество, а со секоја бесконтактна трансакција од 300 денари ќе добијат две шанси.

Главната награда е 20.000 денари во денарска противвредност, а утешните награди вклучуваат 20 гифт картички за трговскиот центар Скопје Сити Мол, во вредност од 5.000 денари, 20 гифт картички во вредност од 3.000 денари и 200 гифт картички во вредност од 1.000 денари.

Со секоја трансакција во периодот на наградната игра, Комерцијална банка и MasterCard® ќе донираат за потребите на Црвениот крст на Македонија.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 12.01.2016 година, а списокот на добитници ќе биде објавен на интернет страницата на Комерцијална банка.