Најбарани професии откако ќе заврши пандемијата

517

Во блиска иднина без работа нема да останат ИТ експертите и луѓето со средно образование, смета рускиот експерт, Роман Шкут.

Како што пренесува Спутник, на пазарот на труд најбарани ќе бидат ИТ експертите, додека правниците и економските ќе бидат потиснати од луѓето со средно образование – бравари и водоинсталатери.

Според него, пандемијата може да доведе до формирање и на нови професии.

“На пример, во областа на безбедноста на храна. Ќе бидат потребни не само агрономи, туку и експерти кои ќе можат да предвидат колкави ќе бидат приносите“, рекол Шкут.

Според него, луѓето би можеле да ја искористат актуелната состојба, да не излегуваат од своите домови и да се доусовршат преку интернет.

Фото: Pixabay