Во овој момент, според магазинот Forbes, најбогатата жена во светот има богатство од осум милијарди долари. Станува збор за 72-годишната Дајен Хендрикс од САД, која е прва на листата America’s Richest Self-Made Women. Нејзиното богатство доаѓа од компанијата ABS Supply, којашто се занимава со производство на прозорци во САД.
Таа заедно со нејзиниот сопруг Кен ја основале компанијата во 1982 година, а таа е на нејзино чело по смртта на Кен во 2007 година.
Под нејзина палка, компанијата направи две големи преземања. Првото е купување на конкурентот Bradco во 2010 година, а шест години подоцна и преземањето на компанијата за градежни материјали L&W Supply.
Компанијата на Хендрикс во овој момент е присутна на 780 локации и остварува годишен промет од продажба од над 10 милијарди долари.
Освен што ја води семејната компанија, Хендрикс, исто така, е и филмски продуцент на филмовите: The Stoning of Soraya M. (2008), An American Carol (2008) и Snowmen (2010).
Активна е и во поддршка на политиката во САД, па беше и економски советник за претседателската кампања на актуелниот претседател Доналд Трамп.
Мајка е на седум деца, има 17 внуци и живее во Висконсин, САД.
Фото: Facebook