Најбогати Руси според Forbes

199

Магазинот Forbes состави листа на најбогати Руси во 2019 година. На првото место се најде бизнисменот Владимир Потанин.

Според Forbes, Потанин во 2019 година го зголемил своето богатство за 7,8 милијарди долари, благодарение на акциите  коишто ги поседува во најголемиот производител на паладиум Norilsk Nickel, каде има 30% акции. Неговото вкупно богатство се проценува на 23,8 милијарди долари.

Меѓу петте најуспешни бизнисмени во Русија се најде и Леонид Михелсон, кој заработил 5,9 милијарди долари, со што неговото богатство достигна 27 милијарди долари. Тој е акционер во  приватниот производител на гас, Novatek и петрохемиската компанија Sibur.

Првиот човек на Lukoil, Вагит Алекперов го зголемил своето богатсво за 5,3 милијарди долари и сега има 23,8 милијарди долари.

Генадиј Тимошенко кој е акционер во Sibur и Stroytransgaz заработил 4,1 милијарди долари и сега има 22,7 милијарди долари.

Алексеј Мордашов го зголеми своето богатство благодарение на компанијата за челик Severstal, европскиот тур оператор TUI и рускиот ланец на супермаркети Lenta. Заработил 3,8 милијарди долари и сега има 20,2 милијарди долари, пренесува Themoscowtimes.

Фото: Pexels