Најбогати жени според Forbes за оваа година

316

Седумдесетгодишната Алис Валтон, ќерка на основачот на Wallmart – Сем Волмарт, е најбогата жена на светот и оваа година, според магазинот Fobres.

Нејзиното богатство се проценува 62,3 милијарди долари, по што Валтон е 10-та на листата 400 најбогати Американци за оваа година. Три места подолу е 50-годишната Мекензи Скот, која богатството го има благодарение на нејзиниот удел во Amazon, зад чие основање стои таа и нејзиниот поранешен сопруг, Џеф Безос.

На 15-то место од 400 најбогати Американци се најде Јулија Коч и нејзиното семејство, која е дел од семејниот конгломерат, Koch Industries, кој ѝ донесе богатство од 45 милијарди долари.

Следна меѓу најбогатите жени, на 20-то место се најде 80-годишната Жаклин Марс, која има богатство од 29 милијарди долари преку една третина од сопственичката структура на компанијата за слатки, Mars.

Нова на листата 400 најбогати Американци, од припадничките на понежниот пол, се најде Алис Шварц, со богатство од 2,2 милијарди долари. Оваа 94-годишна Американка заедно со нејзиниот сопруг Дејвид, благодарение на заштеда од 720 долари, ја основа Bio – Rad лабораториите во 1952 година.

Фото: Freepik