Најбогатиот човек во Индија овозможи бесплатен 4G интернет на една милијарда корисници

11

ambaniНајбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, се одлучи да направи еден великодушен гест со тоа што ќе овозможи бесплатен 4G интернет за жителите на оваа земја, пишува CNN.

Во Индија една петтина од возрасното население не користи интернет, поради недостаток од инфраструктура, особено во руралните места. Токму поради таа причина новата услуга на Амбани наречена Reliance Jio ќе овозможи до крајот на 2016 бесплатен интернет за сите, а потоа истиот ќе чини незначителни 2,25 долари месечно.

Бизнисменот веќе има инвестирано милијарди во конструкција на приближно 100.000 телекомуникациски кули низ Индија. Според него, новиот 4G интернет Jio веќе покрива 18.000 градови и 200.000 села, а до март 2017 година, неговата цел е 90% од популацијата да има интернет.