Најбогатиот Хрват има нова улога

178

Хрватскиот бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во регионот, Емил Тедески, сопственик на Atlantik Grupa се појави на големото платно. На изненадување на многумина, Тедески кој е познат како успешен бизнисмен без влакна на јазикот, се појави во долгометражен документарен филм за познатиот починат рок музичар Влада Дивљан, основач на групата Идоли.

Тедески во Nebeska Tema се глуми самиот себе. Се појавува во неколку сцени во кои е прикажано како се запознал со Дивљан, а потоа како на состанок во својата компанија во роковник го крие како средношколец, диск со албум од Идоли.

Во една емотивна сцена при крајот на филмот Тедески ужива во ноќно возење низ градот, додека на радио се слуша музика од Влада Дивљан и неговиот бенд.

Тедески, инаку е еден од копродуцентите на овој филм чиј буџет спрема официјалните информации изнесува околу 250.000 евра, а кој наводно дури 80% е финансиран од пријателите на Дивљан.