Најбогатиот Украинец ќе ја тужи Русија

91

Најбогатиот Украинец Ринат Ахметов изјави дека ќе поднесе тужба против Русија за обесштетување за штетата нанесена на неговиот бизнис поради војната во Украина.

Во интервју за украински Бизнис, милијардерот наведе дека неговата работа претрпела штета во повеќе фабрики.

„По 24 февруари претпријатијата како „Азовстал“, Металуршки комбинат „Владимир Илич“, Луганска термоелектрана и десетина други индустриски и инфраструктурни објекти, како и објекти на зелена енергија, се целосно или делумно уништени или насилно е оневозможена нивната работа“, вели Ахметов.

Според него, капитализацијата на овие објекти пред војната била десетици милијарди долари.