Најбогатите 10 Романци за 2016 година

50

tiriac

Поранешниот тенисер и бизнисмен Јон Циријак повторно е најбогатиот Романец со богатство од 1,6 – 1,65 милијарди евра, според изданието Top 300 Capital за 2016 година.

Циријак, кој ги продаде своите акции во локалните UniCredit Bank и Metro Cash&Carry во 2015, сè уште има удел во осигурителната компанија Allianz- Țiriac. Неговиот Țiriac Holding работи со недвижнини, автомобилска индустрија и енергетика.

Претприемачите Адриан и Драгош Павел, сопственици на “направи сам” ланецот Dedeman, се следни на листата со богатство од 920-950 милиони евра.

На трето место е Јоан Никулае, сопственик на конгломератот InterAgro group, кој “тежи” 600-700 милиони евра. Никулае излезе од затвор во јули годинава, откако отслужи нешто преку 10 месеци за илегално финансирање на кампања на локален политичар.

Сопственикот на телеком групата RCS&RDS, Золтан Тесари е четврт, со 500-520 милиони евра, а по него следува Јулијан Даскалу, сопственик на неколку шопинг центри, со 450-460 милиони евра.

Сопствениците на GFR group, Груиа Стоика и Василе Дидила се шести, а потоа следуваат индустријалците Мариус и Емил Кристеску (Bega Group), инвеститорот Габриел Поповичиу, Џорџе Бекали, сопственик на фудбалскиот клуб Steaua и Раду Димофте.

Вкупното богатство на 300-те најбогати Романци, во 2016 година бележи раст за 4,2%, достигнувајќи 21,69 милијарди евра.