Најбогатите американски милијардери станаа уште побогати

106

Богатството на американските милијардери, меѓу кои е основачот на Amazon, Џеф Безос и директорот на Tesla, Илон Маск се зголеми за време на пандемијата за скоро 10%.

Имено, во периодот помеѓу први јануари и 10 април, богатството на 34 најбогати луѓе во САД порасна за десетина милиони долари, се наведува во извештајот на Институтот за политички студии (ИПС) во Вашингтон.

Проценката на богатството на најбогатите Американци е спроведена кога во таа замеја повеќе од 26 милиони луѓе се пријавија да земаат надомест за невработени.

Додека економијата во глобала се соочува со рецесија, технологијата и платформите како Zoom доживуваат бум, поради користењето на видео разговори и работа од далечина во време на самоизолација, што донесе големи профити на сопствениците на тие компании.

Според ИПС, богатството на осум од тие милијардери, меѓу кои се Безос, Маск и основачот на Zoom, Ерик Јуан, пораснало за милијарда долари.

Маск има 18,5 % удел во акциите на Tesla кои пораснаа за 73%  од поетокот на годината. Безос има 15,1% акции во Amazon, чија платформа за нарачување на роба преку интернет забележа пораст од 31%.

“Ова е приказна за две пандемии, со многу нееднаква жртва“, вели Чак Колинс коавтор на извештајот.

Фото:Pixabay