Најбогатите пет бизнисмени во Македонија според Форбс

55

892EC3F7D675E84FB5E2A2952C3FCFD1Американското списание Форбс ја објави листата на најбогатите луѓе на Балканот според вредноста на акциите кои ги поседуваат, на која се најдоа имињата на петмина бизнисмени од Македонија.

Така според листата, најбогатиот бизнисмен во Македонија е Минчо Јорданов, сопственикот на Макстил, Бетон, Факом и на неколку други фирми.

По него на листата се Штерјо Наков, сопственик на Фершпед, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на Макпетрол, Свето Јаневски, првиот човек на М6 и Живко Мукаетов, директор на најголемата фармацевтска компанија Алкалоид.

Сопственикот на хрватскиот концерн Агрокор, Ивица Тодориќ е најбогатиот бизнисмен на Балканот, според процените на магазинот, кој во составувањето на своите листи ги анализира вредноста на акциите што котираат на Берза.

На второ место на регионалната листа се најде Словенецот Санди Чешко, кој имотот го стекна преку продажба на душекот Дормео и Топ шоп продажбата. Трет на листата е Миодраг Костиќ, сопственикот на МК Групацијата, која е една од најуспешните во Србија.