Најбрзиот начин да успеете е исто така и најтежок

133

Како да се успее, да се постигне многу, да се задоволат желбите, побарувањата? Како да дојдеме до точката кога можеме да кажеме Уживам!

Според експертите, има една група на луѓе што се нарекува Сонувачи. Токму овие сонувачи за да го остварат сонот поминуваат низ многу премрежја и прагови на откажување. За среќа, даваат сè од себе и успеваат, релативно брзо (12 години).

Дури седум од десетте најбогати луѓе во светот, вклучувајќи ги Бил Гејтс, Џеф Безос, Марк Цукерберг и Мајкл Блумберг, се Сонувачи.

Што правеле Сонувачите за да си го остварат сонот?

Премногу работа

Оние што успеале да го остварат сонот работеле од 65 до 75 часови неделно. Речиси и да не постоеле викенди и одмори за нив. Тоа било критично време за Cонувачите кои во тие неколку години ретко можеле да ги видат своите најблиски и пријателите.

Стрес

Долгите работни часови предизвикуваат стрес. Во трката што побрзо да се успее, денот изгледа премал, а ноќта не служи за одмор. Почетокот бил прилично тежок, особено за оние кои имале и фамилија. Сонувачите чекале со години за да остварат добивка – зошто парите не доаѓаат преку ноќ (освен ако имате луда среќа).

Големи ризици

За да се успее мора да се ризикува. Сонувачите по природа се “коцкари“ и толку веруваат во својата идеја што ризикот за нив е повеќе од потребен. Речиси не постои човек кој од прв пат успеал. Сите минувале низ барем неколку неуспешни обиди.

Губење на мотивација

Можеби најтешкиот момент за Сонувачите било губењето на мотивација. Понекогаш доаѓа момент кога мислите дека трудот не вреди, кога сакате да се откажете од сè, да кренете раце… Секој кој сонува да создаде нешто големо, може да добие и кошмари. Сепак она што било заедничко за сите Сонувачи е неуморната истрајност и желба нивниот сон да стане реалност.

Фото: Pixabay