Најчести грешки при изборот на име за брендот

46

branding

Фото: Pixabay

Изборот на име за брендот (производот) не е така едноставна работа како што многумина мислат. Сопствениците на малите претпријатија најчесто го избираат она име што ним им се допаѓа, а не тоа што е најдобро за пазарот.

Еве еден краток потсетник на грешките кои треба да ги избегнувате кога го избирате името на брендот.

Тоа е лесна работа. Многу често изборот на името не се сфаќа сериозно од страна на менаџерите. За нив тоа е споредна работа која се средува лесно и брзо.

Заборавање на стратешката димензија на називот и фокусирање само на креативноста, односно “името убаво да звучи”. Изборот на името не е само уметност, туку и наука.

Фокусирање на информацијата наместо на диференцијацијата. Најчесто се осмислуваат дескриптивни називи со цел потрошувачите полесно да разберат за што станува збор. Понекогаш е подобро да се има апстрактно име кое ќе се разликува од конкуренцијата и како такво ќе биде подобро запаметено.

Занемарување на комплексноста на заштитниот знак, затоа што постојат голем број на регистрирани имиња, како во поединечните земји така и на глобално ниво, што ја отежнува работата на компанијата, особено кога излегува надвор од границите на својата земја.

Игнорирање на глобалните импликации. Кога производот се извезува, имињата доаѓаат во судар со различни јазици и култури на што треба посебно да се внимава.

Сујбективност при изборот на името. Сите имаат искуство со именување на некого или нешто, како и лични преференции и ставови, па се случува оние кои ја имаат моќта да одлучуваат истата да ја злоупотребат.

Потреба за ново име. Новото име подразбира и поголеми трошоци. Брендот треба да се претстави на пазарот, ќе биде потребен нов дизајн, амбалажа, заштитен знак, регистрација… што тешко може да се оствари доколку финансиите не се доволни во моментот.

Задржување на име кое веќе не е релевантно. Проблемот е во тоа што компанијата е веќе навикната на одредено име кое за неа има вредност. Од друга страна пак, за потрошувачите истото име може сосема да ја изгуби вредноста. За ова треба особено да се внимава кога компанијата ја збогатува својата палета на производи или воведува нови несродни категории.