Најчести грешки што секојдневно ги правите на работа

52

komp

Фото: Pixabay

Повеќето од менаџерите мислат дека “совршениот вработен“ работи продуктивно цело време, континуирано проверува мејл и никогаш не оди на пауза или одмор. Но, оваа перцепција е погрешна. Успешните луѓе всушност имаат тенденција да се повлечат, одморат и да ја обноват нивната енергија.

Без разлика дали целите кон зголемување на плата, унапредување или пофални зборови од вашиот шеф, прочитајте кои се најчестите грешки на работното место што треба веднаш да ги корегирате. Работодавецот ќе ја цени вашата новооткриената продуктивност, а и вие исто.

Прочитајте кои се најчестите грешки:

1. Доаѓате подоцна

Без разлика дали шефот ви дозволува да си го креирате работното време, сепак треба да одите рано на работа. Најновите истражувања открија дека шефовите имаа тенденција на “утринска пристрасност“ кога ја рангираат продуктивноста на вработените. Тие мислат дека вработените што доаѓаат порано на работа се повеќе продуктивни и совесни, од тие што доцнат – иако ги имаат истите работни часови.

2. Проверување на мејлот веднаш штом ќе стигнете на работа

Изгледа контраефективно ако првото нешто кога ќе стигнете на работа е да проверите мејл. Почнувајќи го денот со одговарање на многу пораки, веднаш ќе ви создаде стрес, што понатаму ќе ви оневозможи фокус. Стресот ќе влијае и на продуктивноста во текот на целиот ден.

3. Се обидувате да правите повеќе работи истовремено

Истражувањата покажаа дека е потребна голема фокусираност при извршување на тешки работни задачи. Мозокот може да извршува повеќе работи истовремено, но ако сте ангажирани на тешка задача потребна ви е полна концентрација. Човечката краткотрајна меморија може да процесира две различни информации одеднаш, но една од двете работи ќе биде лошо завршена.

4. Немате хоби

Негувањето на креативните интереси всушност ве прави подобар работик, според најновото истражување на Универзитетот во Сан Франциско. Трошењето на менталната енергија на нешто што не е поврзано со вашата работа, може да ве направи попродуктивни кога ќе се вратите на работа.

5. Не одите на одмор

Можеби мислите дека сте повеќе совесни и вредни кога избегнувате да одите на одмор, но всушност вие само се повредувате себеси. Затоа потребно е да земете одмор од неколку дена и тоа ќе ви ги наполни батериите, што ќе придонесе за поголема продуктивност и креативност.

6. Не правите паузи

Повремените паузи, вработените ги прават попродуктивни и го зголемуваат фокусот. Дури и кратките прошетки можат да ја подобрат меморијата за 20%, според истражувањата на Универзитетот од Мичиген.

7. Ги жртвувате здравјето и сонот

По напорниот работен ден можеби нема да имате енергија да одите да вежбате, па затоа сакате само да легнете на софата. Исто така некои луѓе си носат и дел од работата дома, па остануваат доцна во ноќта за да ја сработат. Без разлика кое од посочените нешта ги практикувате, си нанесувате голема штета на себе.

Здравата храна, вежбањето и спиењето се линкови што водат до поголема продуктивност кај вработените. Експертите покажаа дека намалената креативност кај вработените е резултат на недоволно спиење, чувство на стрес, што потоа води до помала продуктивност.

Кога спиете мозокот го чисти умот и го подготва за следниот ден – ги обновува ќелиите, ги зајакнува спомените и го регулира метаболизмот.