Најчести прашања што бизнис ангелите им ги поставуваат на претприемачите

163

Бизнис ангелите пред да ја направат својата инвестиција во одредена компанија или старт – ап ќе се обидат да дознаат што е можно повеќе од основачите. За таа цел секој (иден) претприемач кој сака да ги добие потребните средства за својата бизнис идеја треба да има подготвено добри одговори.

Во продолжение некои од најчестите прашања што бизнис ангелите ги поставуваат за време на pitching.

По што вашиот старт – ап/идеја се разликува од останатите?

Каков вид на проблем решава вашиот производ/услуга?

Зошто вашата компанија има потенцијал за раст?

Дали и какво искуство има тимот во индустријата?

Кои се клучните карактеристики на вашиот производ/услуга?

Што ќе ѝ даде на вашата компанија конкурентска предност?

Споредено со конкуренцијата, како ќе се “натпреварувате“ во однос на цена, перформанс и можности?

Како ги продавате/планирате да ги продавате производите/услугите?

Што според вас е најголемиот ризик за бизнисот?

Каква интелектуална сопственост има компанијата/стартапот (патенти, патенти што чекаат одобрување, авторски права, трговски марки, имиња на домени…?)

Какви се вашите планови за следните три/пет години?

Колку време ќе биде потребно додека компанијата не стане профитабилна?

Фото: Pexels