Најчести предрасуди за скијањето

111

Дојде периодот во годината кога може да се планира зимскиот одмор, а ако за летото асоцијација е плажата и пливањето, за зимата е снегот и скијањето. Во студените зимски денови, најдобрата физичка активност речиси секогаш е скијањето. Луѓето на сите возрасти можат да почувствуваат придобивки од ден поминат на снег, бидејќи скијањето е рекреација не само за телото, туку и за умот.

Во продолжение, прочитајте неколку важни работи за да бидете добро информирани и да избегнете да донесете погрешна одлука кога се подготвувате за вашето патување или да доживеете несреќа кога најмалку очекувате.

Не ми треба кондициска подготовка, можам да го сторам тоа иако теретаната не сум ја видел со години!

Пред да одите на скијање, би било добро да вметнете некаква физичка активност во секојдневниот живот, за телото да не се шокира. Исто така, ако вашето тело не е навикнато на зголемена активност, задолжително истегнете се пред скијање за да се минимизира ризикот од повреда. Покрај тоа, добра е идејата да имате лекови против болки и магнезиум за да го ослободите воспалението ако се појави.

На скијање е многу ладно и треба да облечеме што е можно повеќе слоеви на облека за да ни држи топло

Иако температурата на термометарот претежно се одржува под нулата, наместо да носите неколку слоеви на несоодветна облека, спакувајте квалитетни парчиња од внимателно одбрани материјали. Вистинските скијачки јакни, панталони и џемпери се изработени од различни материјали. Тие се лесни, непропустливи и “дишат“ во исто време.

Не ми треба училиште за скијање, мојот пријател, сопруг / сопруга ќе ме научи!

Апсолутно најголемата заблуда! Скиjачкото училиште го водат специјално обучени инструктори за скијање кои ќе можат да го пренесат своето знаење до вас многу полесно и попрофесионално и да ве доведат до посакуваната цел.

Мене ништо нема да ми се случи, не ми треба осигурување!

Со години скијате, имате доверба во своите вештини и знаења, се сметате за експерт и убедени сте дека не ви треба патничко осигурување. Ова е точката каде луѓето прават најмногу грешки. За жал, несреќи се случуваат често, кога најмалку ги очекуваме, им се случуваат на сите, па дури и на најдобрите. Може да имате најнова опрема, долгогодишно искуство, совршено време, но понекогаш тоа не е доволно. Повредите во ски-центарот се непредвидливи и можат да бидат многу сериозни. Цената на третман со брза помош или превоз може да ве чини повеќе од самото патување. Во странство, овие трошоци се високи па не заборавајте да го однесете вашето патничко осигурување пред поаѓањето и да уживате во зимските радости.

Скијањето е премногу скапо и не можам да си го дозволам тоа!

Скијањето е скапо, но како и во повеќето ситуации во животот, тоа е прашање на приоритет. Оние што поминале барем еднаш и само неколку дена на свеж воздух на планините, знаат дека ова е неповторливо искуство што тешко може да се раскаже.

Фото: Pexels