Најчестите митови за здравјето

58

Девет работи од кои непотребно се плашиме, а не се воопшто вистинити.

zdravje

Фото: Pexels

Ви требаат осум чаши вода дневно

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат вода кога се жедни е доволно да останат хидрирани и здрави. Храна богата со вода како супа, овошје и зеленчук, како и природните сокови, чајот и кафето, сите помагаат во внесувањето на вода во организмот.

Јајцата се лоши за срцето

Едно или две јајца во денот не го зголемува ризикот од срцева болест кај здравите луѓе. Да, жолчките содржат холестерол, но за повеќето од нас, мешавината на маснотиите од секојдневните намирници е многу поопасна од холестролот во жолчката. Покрај тоа јајцата содржат omega-3 масни киселини кои можат дури да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Антиперспирантите предизвикуваат рак

Националниот Институт за рак (National Cancer Institute) во САД вели дека нема докази за поврзаност на било кој производ од ваков тип (рол-он, стик, дезодоранс) со рак на дојката.

Ладниот воздух предизвикува настинка

Напротив, здравите луѓе кои поминуваат неколку часа надвор кога температурите се ниски, имаат имунитет кој им помага да се изборат со вирусите. Поголема е веројатноста да се разболите доколку сте постојано внатре каде бактериите полесно се пренесуваат.

Ви требаат мултивитамини на дневна база

Дневната доза мултивитамини не може да ги надомести истите доколку не ги внесувате преку свежото овошје и зеленчук. Но, доколку вашиот доктор ви каже да земате витамини, направете го тоа.

Шеќерот ги прави децата хиперактивни и немирни

Шеќерот не е добар за децата, но според истражувањата, слатките не се причина за нивното немирно однесување, нефокусираноста и лошите оценки.

Зелениот секрет е знак за инфекција

Во повеќето случаи жолтиот секрет е показател за бактериски инфекции. Но не е сигурен знак дека имате и дека ви се потребни антибиотици. Синусна инфекција може да произведе безбоен секрет и една обична настинка да го направи зелен.

Крцкањето на прстите предизвикува артритис

Звукот кој го слушате додека уживате во крцкањето на прстите се всушност меурчиња со гас, кои се формираат помеѓу коските и пукаат. Оваа активност не е поврзана со артритис. Но, доколку чувствувате постојана болка додека тоа го правите, посетете доктор.

Тоалетната школка пренесува најмногу бактерии

Она што е навистина нечисто во тоалетите се кваките на вратите, рачките и подовите. Таму најмногу можат да се најдат бактерии од типот на E. Coli (ешерихија коли) и вируси кои предизвикуваат стомачни тегоби. Затоа повеќе внимавајте на овие нешта отколку на покривањето на ВЦ школката со тоалетна хартија.