Најчестите пет грешки во менаџментот со човечки ресурси

354

hr-1-pixabay

Фото: Pixabay

Работата со луѓе може да биде тешка. Затоа, еве неколку совети како да ги избегнете најчестите грешки во секторот човечки ресурси.

Процесот на вработување е избрзан

Создадете конзистентен процес на интервјуирање и држете се до него. Започнете со јасен и прецизен опис на работното место што ќе ги привлече талентите. Вклучувањето на вистинските информации за секој аспект на работата заедно со пријателскиот тон е добитната комбинација за спонтано елеминирање на неквалификуваните кандидати. Освен тоа ангажирајте и други лица во самиот процес. Најдобрите одлуки за вработување се резултат на тимска работа.

Работното место не е јасно дефинирано

Кога ќе создадете понуда за работно место, треба да креирате и опис за таа позиција. Но, повеќето сопственици на мали бизниси го занемаруваат тој сегмент, односно не даваат јасен опис на тоа што вработениот ќе го работи. Ова е императив ако сакате да ги привлечете вистинските луѓе за работата. Описот мора да вклучува потребни вештини и образование што идеаниот кандидат треба да ги поседува.

Прирачникот за работа е застарен или непостоечки

За да се намалат прекршоците од страна на вработените, работодавачот мора да поседува прирачник за работа каде јасно ќе бидат наведени политките на компанијата. Секој бизнис без разлика дали е мал, среден, или голем мора да поседува ваков прирачник, којшто секако ќе биде во пишана форма. Покрај тоа принципите треба да бидат често споменувани и редовно ажурирани.

Вработените немаат обуки/тренинзи

Кога работодавачите инвестираат во своите вработените, тие инвестираат и во својата компанија. Соодветни обуки и тренинзи за тимот се всушност од голема корист за успехот на бизнисот. Тие треба да вклучуваат соодветни програми/алатки за нововработените, но и професионални обуки за останатите вработени со кои што ќе можат да го надградат своето знаење и вештини.

Перформансите не се документирани

Секој перформанс на вработените треба да биде документиран, ако не сакате да се најдете во непријатна ситуација или да имате проблеми со законот. Доколку се појави некој проблем треба веднаш да се пристапи кон негова анализа и решавање, а за тоа секако ќе помогнат пишаните документи. Понекогаш ситуацијата може да биде со негативен исход, па за жал ќе мора да се пристапи кон отказно решение. Токму тогаш целата пишана документација за одредениот вработен ќе биде од голема корист.