Најдобар резултат во историјата – индексот Dow Jones прв пат над 30.000 поени

26

Индексот Dow Jones скокна повеќе од 500 поени во еден момент од  вчерашното тргување, за првпат надминувајќи ја границата од 30.000 поени.

Порастот на акциите што беа под притисок пред неколку недели се вжешти по веста за вакцините и надежите на инвеститорите за силно закрепнување на економијата.

Триесет акции од индексот зајакнаа 512 поени или 1,7%. На врвот на вчерашното тргување, индексот достигна 30.116,51 поени.

Акциите на Chevron пораснаа повеќе од 4% и беа најголемиот победник меѓу акциите од индексот Dow Jones. JPMorgan Chase и American Express скокнаа повеќе од 3 %.

“Ова е уште еден потсетник за тоа колку далеку отидоа акциите и економијата од дното во март“, изјави Рајан Детрик, главен стратег на пазарот во LPL Financial, коментирајќи го пресвртот на Dow.

Фото: Freepik