Најдобри градови за бизнис во светот: Го има ли Скопје?

31

Лондон, Њујорк, Сан Франциско, Сиднеј и Мелбурн се петте најдобри градови во светот според Индексот за најдобри градови за претприемачки успех. Ова го покажува анализата на Oberlo, којашто е платформа што на претприемачите им овозможува да пронајдат и да продадат производи преку интернет.

Во анализирањето предвид се земаат повеќе фактори, меѓу кои се: инфраструктура, технологија и дигитализација, увоз и извоз, како и пристап до финансии.

Меѓу 10-те градови со највисоки оценки се најдоа и: Лос Анџелес, Сингапур, Бостон, Берлин и Чикаго.

Од земјите во регионот ги има: Атина (60-то место), Љубљана (63-та), Истанбул (71-ва позиција), Загреб (72-ро место) и Софија (75-та). Скопје го нема на листата.

Фото: Freepik