Најдобри градови за работа од дома – на трето место е град од соседството

182

Порталот Big seven Travel објави листа од 50 градови кои имаат најдобри услови за работа на далечина. Естонската престолнина Талин е најдобриот град во светот за работа од дома.

Рангирањето на Big seven Travel е според различни фактори – прифатливи трошоци за живот, брз wi fi и удобни паркови и ресторани.

Естонија изминативе години дозволи работа од дома во земјата и до една година. А, што е уште поважно, дигиталната економија таму е во пораст. Всушност, 99% од јавните услуги се 24/7 достапни на интернет, а трошоците за живот се релативно ниски. На пример, стан под наем во центарот на главниот град чини околу 500 долари.

Тбилиси, главниот град на Грузија, е на второто место. Во жариштето на пандемијата, земјата дозволи работа од дома за да се овозможи непречена и непрекината работа.

Третото место му припаѓа на Белград, Србија, поради многуте кафеани, галерии, продавници и непрекинатиот интернет од 24 мегабајти во секунда. Следуваат Бали (Индонезија), Чијанг Маи (Тајланд), Берлин (Германија), Сингапур, Буенос Аирес (Аргентина), Ханој (Виетнам) и Љубљана (Словенија).

На 13-то место е турскиот град Истанбул, еден од културно најбогатите градови во Европа, со вековна историја и со, според многумина со најдобра храна на континентот.

Вториот по големина град во Грција, Солун е рангиран на 16-то место на списоков. Тој е опишан како древен, живописен град во срцето на Средоземјето… Добра храна, љубезни околни жители и прекрасна природна околина. Има и сигурна интернет-брзина од 15 мегабајти во секунда, високо ниво на безбедност и ниски трошоци за живот.

Целата листа на градови може да ја погледнете тука.

Фото: Pixabay