Најдобри и најлоши “рециклирачи“ во светот

80

Светот се “дави“ во илјадници тони отпад што завршува на несоодветни депонии, во природата или водите и претставува потенцијална закана за животната средина.

Затоа, од посебна важност е секоја земја да придонесува кон зачувување на животна средината, така што ќе се грижи за отпадот и негово отстранување од природата. Тоа значи, соодветно селектирање, а потоа и рециклирање на отпадот, со што ќе се зголеми неговата употреба, наместо да “заглави“ во природата илјадници години.

Ова е листата на земји коишто се најдобри, односно најлоши кога станува збор за рециклирање на отпадот. Покрај секоја земја, стои и процент од отпадот што се рециклира.

Приматот најдобри “рециклирачи“ го имаат:

Германија – 66%

Велс – 63,8%

Сингапур – 61%

Јужна Кореја – 59%

Тајван – 58%

Како најлоши “рециклирачи“ се најдоа овие земји:

Андора – 0%

Азербејџан – 0%

Кабо Верде – 0%

Лихтенштајн – 0%

Монако – 0%

Фото: Pexels