Најдобри книги од економијата за 2017 година

10

kniga

Фото: Pixabay

Financial Times направи листа на книги од економијата што ја одбележаа 2017 година, а би требало да ги прочита секој кој го интересира глобалната економија, финансиска криза, економски трендови, иднината на економијата…

Unfinished Business од Тамим Бајуми, издавач е Универзитет Јејл. Непознати причини за финансиска криза и лекции што треба да се научат.

The Limits of the Market од Пол де Грауве, издавач е Универзитет Оксфорд. Зошто не е пожелна ниту чистата пазарна економија, но и економија управувана од влада.

Capitalism without Capital: The Rise of the Intangible Economy од Џонатан Хаскел и Стеин Вестлејк, издавач е Универзитет Принстон. Ригорозна анализа на економската трансформација во којашто за прв пат напредните економии повеќе вложуваат во нематеријални средства: дизајн, маркирање, истражување и развој, софтвер, отколку во физичко имот.

India’s Long Road: The Search for Prosperity од Виџај Јоши, издавач е Универзитет Оксфорд. Индија би можела (и требаше) да функционира многу подобро е заклучокот во оваа книга. Ефикасноста на економијата е значително подобрена од реформите во деведесеттите, но потребно е многу повеќе.

Grave New World: The End of Globalization, the Return of History од Стивен Д. Кинг, издавач е Универзитетот Јејл. Глобализацијата не е неизбежна, таа е водечка.

Economism: Bad Economics and the Rise of Inequality од Џејмс Квак, издавач е Pantheon. Политичарите и аналитичарите претпочитаат да ги користат поедноставените модели што ги напуштаат професионалните економисти, за да се избегнат противниците на laissez – faire економијата.

Adaptive Markets: Financial Evolution at the Speed of Thought од Ендрју Ло, издавач е Универзитет Принстон. Човечките суштества не се машини. Тие се производи на долга еволутивна историја и како и други животни тие се водени од страв и алчност. Финансиските пазари што ги создаваме слично ги одразуваат принципите на еволуцијата – конкуренција, иновација, репродукција и адаптација.

Agricultural Development and Economic Transformation: Promoting Growth with Poverty Reduction од Џон Мелор, издавач Palgrave Macmillan. Мелор, убедливо тврди дека во развојот и во сиромашните земји, унапредувањето на малите комерцијални земјоделци игра клучна улога во создавање на раст и намалување на сиромаштијата.

Doughnut Economics од Кејт Раворт, издавач е Random House Business. Голема грешка во економијата е да размислува за економијата, одвоена од околината.

Straight Talk on Trade: Ideas for a Sane World Economy од Дени Родрик, издавач е Универзитет Принстон. Во оваа книга, тој тврди дека интернационализацијата на стоките, услугите и пазарите на капитал влијае на космополитски, професионални, квалификувани групи кои можат да го експлоатираат од неа и од останатото општество.