Најдобри млади вина од производители аматери

25

vino

Најдобро младо бело вино ризлинг на Јордан Колев од неготинското село Курија, а најдобро младо црвено вино е каберне совињон на Сашо Тасев од Кавадарци. Вака одлучи Здружението на винари од Македонија кое денеска ги соопшти наградените вина од натпреварот во правење најдобро младо вино од индивидуални винари аматери, пишува Миа.

“Во категоријата бело вино третото место му припадна на Страхил Михаилов од неготинското село Пепелиште за смедеревка, а второто на неготинецот Бранко Вељанов за совињон бланк. Во категоријата, пак, за црвени вина трето пласирано е прокупец на кавадарчанецот Цане Коцев, додека на втората позиција е франковка на Иле Илиевски од Свети Николе“, информира Елена Богева, потпретседател на Здружението.

На натпреварот беа пријавени 29 мостри од винари од повеќе градови, што според Богева, е голем интерес.