Најдобри земји за стартапи во Европа

127

Најдобрите земји во Европа за старт – ап компании имаат едуцирана популација, силна економија, здрава бизнис клима и релативно ниски трошоци за водење бизнис. На овој начин, Nimble Fins ја почнува анализата на најдобрите земји за старт – ап компании на Стариот континент.

Приматот го има Германија, веќе втора година по ред. Од вкупно 31 европска земја, во топ 10 влегоа и: Велика Британија, Швајцарија, Холандија, Ирска, Данска, Финска, Норвешка, Чешка и Шведска.

Од земјите во регионот, Словенија е 21-ва, едно место подолу е Бугарија, додека Хрватска се најде на 29-та позиција, а Грција е на 31-во место. Македонија не се најде на оваа листа.

Фото: Pexels