Најдобрите 25 компании за работа во светот

45

Најдобрите компании во светот се места каде што вработените навистина сакаат да одат на работа секој ден.

Great Places to Work објави листа на места за работа заснована најмногу на истражување вршено меѓу вработените, комбинирано со ревизија на политиката и праксата на компанијата.

Во последната година, овие компании отвориле 120.000 нови работни места.

Најдобрите се бирани меѓу 5.700 компании што учествувале во национални Best Workplaces натпревари во втората половина на 2011 и средината на 2012 година, од 45 земји каде што работи оваа глобална консултантска куќа. Компаниите мораат да имаат најмалку 40% од нивната работна сила надвор од матичната земја.

“Овие компании имаат развиено работни култури што се усогласени со бизнисот, ја поттикнуваат иновацијата и ги поддржуваат своите вработени, и приватно и професионално, а тоа остварување заслужува да се препознае”, изјави ко-основачот на Great Places to Work за Business Insider, Роберт Леверинг.

На овогодишната листа од 25 компании, 20 се наоѓаат во САД, а три од нив се во Силиконската долина.

Еве кои се најдобрите 25 компании во светот во кои вработените со задоволство одат на работа:

1.SAS Institute (САД, 13.268 вработени)

2.Google (САД, 34.311 вработени)

3.NetApp (САД, 12.643 вработени)

4.Kimberly-Clark (САД, 57.929 вработени)

5.Microsoft (САД, 96.052 вработени)

6.Marriott (САД, 325.000 вработени)

7.FedEx Express (САД, 151.344 вработени)

8.W.L. Gore & Associates (САД, 10.059 вработени)

9.Diageo (Велика Британија, 25.000 вработени)

10.Autodesk (САД, 7.254 вработени)

11.PepsiCo (САД, 300.000 вработени)

12.Ernst & Young (Велика Британија, 167.000 вработени)

13.Telefonica (Шпанија, 130.709 вработени)

14.Monsanto (САД, 21.255 вработени)

15.Intel (САД, 104.116 вработени)

16.National Instruments (САД, 6.704 вработени)

17.General Mills (САД, 39.000 вработени)

18.American Express (САД, 62.877 вработени)

19.Accor (Франција, 160.000)

20.McDonalds (САД, 1.850.000 вработени)

21.Cisco (САД, 66.599 вработени)

22.Novo Nordisk (Данска, 33.970 вработени)

23.Quintiles (САД, 26.676 вработени)

24.SC Johnson (САД, 13.000 вработени)

25.Mars (САД, 70.000 вработени)