Најдобрите пет автомобилски реклами за месец септември

65

Редакцијата на Бизнис Инфо во соработка со редацијата на Мотика ви подготви интересна топ листа од најдобрите пет реклами за месец септември и уште една смешна бонус реклама.

5-то место

Audi S8 – гангстерска игра

Во текот на 60-те секунди несвесно чекате да се појави некој суперхерој, но залудно. Главниот лик во рекламата е строг човек кој вози S8 и одлучил да си ја испроба улогата на ограбувач на банка.

4-то место

Smart Fortwo – Две глави се помудри од една

Многу стилска и динамична реклама на Smart. Не секој знае дека постојат скејтборди кои се два пати подолги од обичните и кои можат да издржат два мажи.

3-то место

Hyundai Elantra – Одлучна

Можете ли да бидете толку одлучни како хероината во рекламата на Hyundai Elantra? Црвенокосата девојка лесно и брзо донесува одлуки се додека не дојде во салонот на Hyundai…

2-ро место

Toyota Alphard – Подарок

Кога девојката ќе ти подари автомобил, тоа само по себе е причина за загриженост. Кога таа ќе ви подари огромен семеен автомобил, тоа е причина за загриженост, дури и повеќе од тоа. Момци, слушнете ги нашите совети: Бегајте!

1-во место

Автобус – кул превозно средство

Дали сеуште се возите со личен автомобил? Тоа повеќе не е во мода. Еве го автобусот – возењето со него е навистина кул, не убедуваат данците. По гледањето на оваа реклама, не можеме а да не се согласиме со нив. Несреќен во автобусот може само да биде шоферот.

Бонус видео – Lada Samara

Веројатно Германците не успеаја да пронајдат други предности освен способноста да престигне автобуси 🙂