Најдобрите аеродроми во светот – Сингапур веќе не е прв

51

За прв пат по речиси десет години, аеродромот Чанги во Сингапур не е на врвот на листата на Skytrax за најдобри аеродроми во светот. Овој пат, на чело е меѓународниот аеродром Хамад во Доха, кој со години се искачува на листата.

Аеродромот во Сингапур сега се наоѓа на третото место. На листата на најдобри 10 аеродроми доминираат аеродроми од Европа и Азија.

Ранг-листата се составува според оцени од корисници на анкета што се спроведувала повеќе од една година, од април 2020 до јули 2021.

Најдобри 10 аеродроми во светот:

1. Меѓународен аеродром Хамад, Доха
2. Аеродром Ханеда, Токио
3. Аеродром Чанги, Сингапур
4. Меѓународен аеродром во Инчеон, Јужна Кореја
5. Аеродром Нарита, Токио
6. Аеродром во Минхен
7. Аеродром во Цирих
8. Аеродром Хитроу во Лондон
9. Меѓународен аеродром Кансаи, Јапонија
10. Меѓународен аеродром во Хонгконг

Фото: Facebook