Најдобрите дестинации препорачани од магазинот Тајм за посета оваа година

119

Магазинот „Тајм“ состави листа на 50 најдобри дестинации во светот што треба да ги посетите во 2023 година, а на листата се наоѓаат градови од Барселона до Темишвар, како и еден од регионот – албанскиот град Берат.

За да состави листа на најдобрите светски дестинации за посета оваа година, магазинот Тајм побара номинации за места од своите меѓународни дописници и соработници, со поглед на оние кои нудат нови и возбудливи искуства.

За резултатот издвоија 50 места. Топ дестинации на листата се: Доминика, Барселона, Националниот парк Торес дел Пајн во Чиле, Ладах во Индија, Архаус во Данска, Роатан во Хондурас, Акаба во Јордан, Кјото во Јапонија, Мусанзе во Руанда.

Интересно е што свое место на листата најде и албанскиот град Берат, кој уште го нарекуваат и градот на „илјада прозорци“. Се наоѓа на југот на земјата, а често го нарекуваат и најубав албански град. Благодарение на уникатната отоманска архитектура е на списокот на светско наследство на УНЕСКО, а ја носи и титулата град-музеј.

Целата листа од 50 дестинации препорачани од магазинот Time за посета во 2023 година можете да ја погледнете на линкот.

Фото: Facebook