Блог страната на Intechnik направи истражување во кое ги избра најдобрите 10 осигурителни интернет страници според начинот на користење, совети и избори во процесот на осигурување. Сигурно, некои ви се познати што сте ги гледале од рекламите на телевизија и интернет. Вреди да се видат 10-те осигурителни гиганти, кои го диктираат начинот и стилот на осигурување, а се достапни според нивото на изработка на интернет страницата.
Оправдано на првото место се најде New York Life (NYL). Овој неприкосновен и беспрекорен веб сајт се позиционира пред сите останати сајтови поради едноставноста на сајтот. Неверојатните наслови, ефективните слики и брилијантноста на сајтот доволно говорат за големата посетеност на сајтот. Овој сајт знае како да ги задржи посетителите на веб страниците преку неверојатно дизајнирани страници преку кои се раскажуваат одлични приказни. Но, не е само тоа. Посетителите добиваат интуитивна навигација, читливост на текстот, употреба на бои и нагласување на одредени case studies преку кои можат директно да се информираат за идниот потег кој треба да го направат во осигурувањето.
Concordiaplans постојано се наоѓа во врвот и е добро оценет кога станува збор за корисничко искуство. Кориснички ориентирана информациска архитектура на веб страницата е базирана на различни кориснички типови, а интуитивната навигација базирана врз чувствата публиката е целосно усогласена. Веб страницата е дизајнирана да им помогне на корисниците со совети во зависност што им е потребно. Оваа осигурителна страница е во врвот и кај осигурителните маркетинг професионалци како “една од најдобрите во индустријата“, според за леснотија, избор и совети.
Progressive е една од страниците која достигнува голема посетеност и поради живее до нејзиното име. Покрај името на сајтот, насмеаниот лик на личноста претставува оптимизам, среќа и ентузијазам. Всушност, среќната жена со нејзината насмевка им помага во изборот на производи за осигурување. Веб страницата исполнета со информативни и високо визуелни страници со содржина која ги покриваат производите и услугите стратешки поставени повици за акција.
Insurify претставува брз и едноставен начин на користење на услугите во осигурителната индустрија. Овој веб сајт нудиле леснотија во изборот на најдоброто авто осигурување со насоки, леснотија и транспарентност. Единствената причина зошто се најде на оваа листа е поради исфрлувањето на традиционалните страници за осигурување позади себе. Овој сајт ги користи најдобрите техники на прогресивно откривање на сè што е потребно за осигурувањето.
Секој елемент на веб страницата на Lemonade им помага на посетителите да направат совршена полиса за осигурување за нивните потреби. Сопствениците на оваа осигурителна компанија ја совладале уметноста на раскажување приказни. Тоа е нивната комбинација која со услугата на Маја “ботот со вештачка интелигенција“ им одговара на сите пораки. “Маја“ и стратегиски ги насочува клиентите кон видот на осигурување кој им треба и премиите кои можат да си ги дозволат. Експлозивниот раст на оваа страница за кратко време ќе ја издигне меѓу првите три.
(ПРОДОЛЖУВА)