Во претходната статија, ви ги презентиравме првите пет интернет сајтови од осигурителниот бизнис, според блог страната на Intechnik. Денес продолжуваме со останатите останатите интернет страници каде ќе ги заокружиме 10-те најдобри осигурителни куќи кои се борат на интернет пазарот.
Ladderlife преку неверојатна имитација на Lemonade се обидува да го нападне пазарот за осигурување на живот на сличен начин како нив. Тие се фокусираат на една ефикасна страница за раскажување приказни со неколку подстраници за дообјаснување. Со создавање на емотивни моменти, презентацијата на силен доказ и поедноставен начин на доставување понуда го прави едноставен. Сето ова му помага во скалилото да освои многу поени во “морето“ на сајтови.
Интернет страницата на State Farm претставува одличен начин за запознавање на корисниците со широк спектар на осигурителни производи што ги нуди компанијата. Веб страницата, стратешки ги насочува корисниците за директен и лесен пристап до добивање на понуда. Исто така, со влезот на сајтот, корисниците можат да добијат помош или да поднесат барање. Но, имаат и можност за продолжување на разговорот со локален агент, едноставно со внесување на нивниот поштенски код.
Веб страницата на Geico сигурно ја паметите од зборлестото зелено гуштерче. Оваа веб страница зазема неприкосновен пристап уште од самиот старт. Почетната страница со насоките и советите, помага во изборот на осигурителни производи. Веб страницата одлично ги користи најдобрите практики и кодирања во боја што им помага на корисниците да најдат разни осигурителни производи. Најважно е објаснувањето што е вклучено кон решавање на нејаснотиите од страна на клиентите.
Традиционалните осигурителни компании како што се Farmers Insurance ја разбираат важноста на хуманизирање на искуството во процесот на шопинг осигурување. “Професорот за осигурување” уште на првата страница воспоставува непосредна доверба и кредибилитет, што е одличен начин да се привлечат корисниците. Освен тоа, веб страницата одлично ги користи иконите кои ги следат најдобрите практики за да пребаруваат широк спектар на осигурителни производи на почетната страница. Ова го олеснува наоѓањето информации.
Со влезот на оваа интернет страница не се добива чувство како типична веб страница за осигурување, бидејќи Metromile не е типична осигурителна компанија. Нивниот концепт за осигурување на автомобилот “Pay-per-Mile“ се базира на тоа колку возиш, што побарува некои објаснувања за просечниот потрошувач. Веб страницата се состои од брилијантно изведени страници за раскажување приказни кои ги користат најдобрите UX принципи наменети за привлекување и задржување на вниманието на корисниците. Целиот веб сајт изгледа многу смирувачки и делува позитивно на корисниците.