Најдобрите совети што некогаш ќе ги добиете

27

biser-pixabay

Фото: Pixabay

Сигурно до сега сте се изнаслушале секакви совети за се и сешто, од родители, баби и дедовци, професори, шефови и уште од кој не. Понекогаш е добро да се послушаат зборовите на мудрите и искусните. Но, велат, додека не се изгорите, нема да научите да се пазите од огнот.

Бизнис инсајдер на Reddit постави прашање “Кој е најдобриот совет што сте го добиле?” Еве некои од одговорите што ги добиле:

Спакувај онолку куфери колку што можеш сам да носиш.

Се додека обвинувате некој друг, не очекувајте работите да тргнат на подобро.

Не сфаќајте сè лично. Никој не мисли толку на вас колку самите вие.

Ако сакаш да запомниш нешто, запиши го.

Откријте што сакате да работите, а потоа откријте како да најдете некој што ќе ви плати да го работите тоа.

Кога не сте во право, признајте. Кога сте во право, молчете.

Не сте должни да споделите се што ќе ви дојде на памет.

Однесувајте се како да знаете што правите во секоја ситуација и 99% од луѓето ќе ве остават на раат.

Живејте го животот онака како што сакате вие, а не како што очекуваат другите.

Дозволете си да бидете среќни.