Најдобро платена професија со најмалку стрес

345

На врвот на листата најдобро платени професии со ниско ниво на стрес е стоматологијата, покажа истражувањето на американската медиумска куќа U.S. News & World Report.

Иако оваа професија не се најде на првото место на најплатени занимања, во категоријата годишни примања и ниво на стрес го зазема првото место. Причината поради која оваа професија се најде на првото место е добрата организација на дневниот распоред.

Според нивното истражување, стоматолозите во САД во просек примаат годишна плата од 225.760 долари. Во Македонија, според податоците на порталот Моја плата, платата на стоматолозите се движи од 14.500 до 25.200 денари.

Фото: Pexels