Најголем број слободни работни места во услужни дејности и продажба

111
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.94 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.78 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот О – Други услужни дејности, во кој изнесува 0.23 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.54 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.47 %. Најголем број слободни работни места, односно 3. 278, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.