Најголема зделка во луксузниот сектор – LVMH со попуст го презема Tiffany

122

Најголемата зделка во луксузниот сектор е повторно на маса откако познатиот американскиот бренд за накит, Tiffany and Co се согласи на неговата продажба на компанијата LVMH од Париз, по цена пониска од што очекуваше.

LVMH ќе плати 131,50 долари за секоја акција на Tiffany или вкупно 15,8 милијарди долари, додека американската компанија очекуваше 16,2 милијарди долари колку што понудија Французите на почетокот на оваа година.

Инаку, францускиот луксузен конгломерат, LVMH, минатиот месец најави дека ќе се откаже од купувањето на Tiffany бидејќи француската влада побарала од неа да ја одложи зделката заради заканата на Вашингтон за американските царини за француски производи.

Сега се чини дека исчезна причината за двоумењето на Французите, а последниве денови се тврди дека големите акционери на двете компании вршат притисок за постигнување договор.

“Убедени сме, како и секогаш, во импресивниот потенцијал на брендот Tiffany и веруваме дека LVMH е вистинскиот дом за него“, изјави извршниот директор на LVMH, Бернард Арно.

Во последниве години, Tiffany се обиде да го врати сјајот на ерата од пред половина век, кога блескаше во филмот Breakfast at Tiffany’s, но се покажа дека неговата лојална клиентела пропаднала затоа што стареела.

LVMH, производител на луксузна стока за широка потрошувачка, верува дека ќе успее да ја зајакне позицијата на Tiffany на американскиот пазар на врвен накит и очекува успех и на кинескиот пазар.

Францускиот откуп на американската компанија веќе е одобрен од управните одбори на обете компании, а договорот се очекува да биде потпишан на почетокот на следната година.

Фото: Facebook