Најголемата авиокомпанија ќе отпушти или ќе испрати на принуден одмор 19.000 вработени

63

American Airlines, соопшти дека од први октомври ќе отпушти или ќе испрати на принуден одмор 19.000 вработени, освен ако воздухопловната индустрија не добие поголема помош од Конгресот.

Најголемата авиокомпанија во светот, која оваа година имаше 133.700 вработени, предупреди дека нивниот број ќе треба да го намали за најмалку 40.000.

American Airlines,  наведува дека 12.500 вработени се согласиле да ја напуштат компанијата со тоа што ќе одат порано во пензија или со отпремнина, додека други 11.000 се согласиле во октомври доброволно да одат на отсуство.

“Дури и со овие жртви, околу 19.000 членови на нашиот тим ќе бидат испратени на принуден одмор или ќе бидат отпуштени од компанијата на први октомври, освен ако не се продолжи сојузната помош, се вели во писмото на извршниот директор Даг Паркер и претседателот Роберт Аизом до вработените.

Фото: Pixabay