Најголемата банка во светот предвидува глобална финансиска катастрофа во 2026 година

Индексот на доларот ќе падне на нивоата од пандемијата на коронавирусот до средината на 2026 година поради пониските каматни стапки во Соединетите Американски Држави и забавувањето на економскиот раст, предвидува тим аналитичари во банката Морган Стенли.

Како што е наведено, вредноста на индексот на доларот, кој ја покажува динамиката на доларот во однос на шест валути (евро, швајцарски франк, јапонски јен, канадски долар, британска фунта и шведска круна), ќе се намали за девет проценти на 91 поен за една година.

„Гледаме значајни трендови во каматните стапки и на девизниот пазар кои веројатно ќе продолжат, што значи значително слабеење на американскиот долар по две години прилично широки флуктуации“, се вели во белешката на Морган Стенли.

Експертите на банката очекуваат еврото да зајакне следната година од сегашните 1,14 долари на 1,25 долари, а фунтата од 1,35 долари на 1,45 долари, според „Блумберг“.

Најмногу корист од слабеењето на американската валута имаат еврото, јенот и швајцарскиот франк, кои традиционално се сметаат за конкуренти на доларот како безбедно засолниште за капиталот, додава „Морган Стенли“.

Банката, исто така, очекува приносите на 10-годишните американски државни обврзници да паднат од сегашните 4,45 проценти на 4 проценти до крајот на 2025 година.

Се очекува приносите дополнително да паднат во 2026 година, под претпоставка дека американската централна банка, ФЕД, ќе ги намали каматните стапки за 175 базични поени.